Градскиот совет на Барселона објави дека планира да го „откачи“ Microsoft, односно оперативниот систем Windows, како и софтверот Microsoft Office, а дека ќе премине кон алтернативен софтвер кој е бесплатен. Оперативниот систем кој ќе биде користен ќе биде Linux, бидејќи градските татковци се обидуваат да ги намалат трошоците кои се наметнати од страна на Microsoft за користењето на нивниот софтвер.
Засега не се објавени целите планови, но веќе некои од вработените користат компјутери кои работат на Ubuntu оперативниот систем и го имаат вградено Firefox како интернет прелистувач. Планот не опфаќа само напуштање на Microsoft, туку и ангажирање на програмери кои ќе изработат апликации според потребите на администрацијата на Барселона. Идеата е дека доколку овој проект биде успешен во Барселона, и други шпански градови да го следат примерот.

Ова не е прв обид некој од европските градови да се обиде да го откачи Microsoft. Во 2003-та година Минхен со започна истиот процес кој заврши неколку години подоцна. После големиот број на поплаки од страна на администрацијата, Минхен се врати во дворот на Microsoft. Истата ситуација била и со Виена, која во 2005-та преминала на Linux но во 2009-та се вратила кон Microsoft.
За разлика од претходните години, бесплатните алтернативни софтвери се во значителна подобра состојба. Во минатото овој тип на софтвер се сметаше дека е за напредни корисници, но авторите на бесплатните апликации ги направија многу полесни за користење од страна и на неупатените корисници.