Ford на актуелниот авто-салон во Детроит ја претстави современата верзија на Mustang со ознака Bullitt во знак на сеќавање на легендарниот автомобил кој е користен во истоимениот филм од 1968 година.
Првата асоцијација на ова филмско остварување е токму темнозелениот Ford Mustang зад чиј волан се наоѓаше ѕвездата Стив Меквин.
Оригиналниот автомобил е сочуван, а по повод 50-годишнината од филмот Bullitt, Ford лансираше специјална верзија од ова возило, кое ја имаше својата премиера на саемот на автомобили во Детроит.
Во знак на сеќавање на моделот кој бил користен за време на снимањето на филмот, и современиот Bullitt има мануелен менувач со бела кугла на врвот од рачката, додека како основа е употребен Mustang GT Premium од 2017 година.
Под хаубата е 5.0 V8 мотор кој испорачува 475 коњски сили и развива 570 Nm, а максималната брзина на автомобилот е 263 км/ч.
Погледнете како изгледал оригиналниот Mustang Bullitt на филмското платно пред 50 години: