На Земјата за 200 години нема да има живи организми бидејќи условите за живот ќе бидат неподносливи, предупредуваат американските и британските научници.
Луѓето исфрлаат големи количини на штетни гасови во атмосферата што на крајот ќе доведат до неминовни климатски промени.
Човештвото не може да живее во таква средина и веднаш ќе исчезне, се вели во официјалното соопштение на експертите од Националната академија на науките во САД.
Британскиот познат научник Стивен Хокинг предупредува дека за околу 100 години на Земјата ќе бидат загадени сите водени површини поради глобалното затоплување. Како пример, Хокинг ја наведува планетата Венера на која пред 4,5 милиони години постоела течност, но поради климатските промени таа исчезнала и планетата станала безживотна.
Научниците нагласиле и други причини поради кои може да исчезне цивилизацијата.
Меѓу нив се – нуклеарна зима што може да почне поради војна, пандемија, судар на Земјата со астероиди, па дури и напад на вештачка интелигенција или вонземјани.
Извор: B92.net
Поврзани артикли