Двојните камери се враќаат на HTC телефоните откако компанијата беше еден од пионерите на оваа функција, но подоцна одлучи да ја напушти. Првиот нов производ со таква камера е HTC U11 Eyes.
Уредот го нуди познатиот U11 Plus дизајн, но обезбедува малку поскромен хардвер што му овозможува да има пониска цена. Меѓу карактеристиките се 8-јадрен чипсет Snapdragon 652, 6-инчен екран со резолуција 2160 x 1080 пиксели, 4GB RAM, 64GB проширена меморија и батерија со капацитет 3930mAh. Главната камера (иста како во HTC U11) е со резолуција 12МР и бленда f / 1.7, има оптичка стабилизација и може да снима 4K видео со Hi-Res звук. Во комплетот се вклучени USonic слушалки кои се прилагодуваат на формата на увото на корисникот и го потиснуваат амбиенталниот шум.
Меѓу другите карактеристики се Edge Sense за команди преку сензорите за притисок во страничната рамка, водоотпорност (IP67), три микрофони и двојна предна 5МР камера со бленда f / 2,2 и 80-степен агол на гледање. Селфи камерата ги задржува фотографиите со „Bokeh“ ефект и овозможува последователно префокусирање фотографии.
Додадени се опции за стикери, разубавување и опции за следење на „Boke“ ефектот во реално време – сите карактеристики кои се веќе задолжителни за уредите со двојна камера. Уредот поддржува и функцијата HDR Boost, чии можности не воодушевија во U11, а освен тоа е достапна и во поевтини U11 Life.
Како и другите неодамнешни паметни телефони од Кина и HTC U11 Eyes обезбедува можност за препознавање на лице со помош на предната камера.
Сѐ уште не е јасно дали HTC U11 Eyes ќе се продава надвор од Азија. Продажбите во Хонгконг почнуваат од среда по цена од околу 500 долари во црвена, сребрена и црна, но од Engadget посочуваат дека стартната цена всушност може да падне до околу 400 долари.