Благодарение на метеорит, научниците успеале да идентификуваат присуство на најстарата вода во Сончевиот систем. Студија беше објавена во списанието Science Advances и уште еднаш потврди дека фрагментите од метеоритите можат да откријат многу тајни за постанокот и на Земјата, но и за она што се случува надвор од нашата планета.
Истражувањето беше спроведено од тим истражувачи од Британскиот Open University, предводен од професорот Кини Чан. Водата во иднина ќе биде многу важен детал за да се открие точната причина за настанокот на живот во нашиот систем од планети. Инаку метеоритот во кој беше пронајдена најстарата вода во Сончевиот систем падна на Земјата во 1998 година. Двата фрагменти од метеоритот се богати не само од вода, туку и од органски фрагменти и имаат старост од околу 4,5 милијарди години.
Метеоритот наречена Монаханс е пронајден во Тексас, додека втор фрагмент е пронајден и во Мароко.
Поврзани артикли