Дигиталното доба носи многу предности на кои сме бескрајно благодарни. Но, понекогаш некои од работите кои ги цениме излегуваат надвор од контрола.
Кога прв пат ќе купиш Smart TV, сфаќаш дека работите се малку поинакви во однос на стандардниот телевизор што си го имал. Новиот уред има својства на компјутер, но сигурно не ти паѓа на памет дека те прислушува и го дели со некој она што си и го рекол на девојка ти, додека синоќа сте гледале филм.
Работите дефинитивно се променија откако телевизорите добија својства на компјутери. Tие, со помош на Интернетот можат да примаат и испраќаат податоци.
Американската Федерална Комисијата за трговија веќе подолго време го следи проблемот со приватноста кај овие уреди.
Минатата година, сите уреди – паметните телевизори, уредите за стриминг, конзолите за видео игри и апликациите ги следеле навиките на своите консументи, често на тотално неприфатливи начини.
Иако живееме во прекрасна дигитална и напредна ера, мораме да имаме право сами да одлучуваме кои информации сакаме да ги споделиме, со цел да добиеме подобра услуга. Фактот е дека тоа е наше лично право, а не право на производителите на уредот, социјалната мрежа или апликацијата.
Кога се во прашање паметните телевизори, тие не дознаваат само кои канали ги гледате или какви програми следите. Некои телевизори имаат и опција за “препознавање на гласот”. Но, што тие слушаат?
Проверете дали Вашиот нов телевизор има опција за “voice activation” или “voice recognition”. Доколку таквата опција е вклучена, внимавајте на Вашите приватни разговори пред телевизорот, бидејќи аудиото може да биде споделено со “трета страна”.
Затоа, не зборувајте пред телевизорот за купување на нов автомобил, бидејќи ќе бидете “бомбардирани” од реклами за автомобили во следните неколку месеци.
Засега, ваквото следење не е забрането со закон. Затоа, одвојте време и разгледајте ги опциите на Вашиот уред. Само на тој начин ќе се ослободите од сите реклами, опции и препораки на кои ќе налетувате во текот на Вашата омилена серија.