Откако компанијата Apple направи автоматска енкрипција на iPhone, FBI води борба против нив, жалејќи се дека криптографијата е толку силна што ни самата компанија не може да ја пробие што на властите им ја отежнува борбата против тероризмот и криминалот.
На Меѓународната конференција за сајбер безбедност на Менхетен, експертот за форензика од FBI, Стивен Флатли ја критикуваше компанијата Apple, а нејзините вработени ги нарече „кретени” и „злобни гении” кои ја отежнуваат работата нему и на неговите соработници.
На пример, Флатли се пожалил дека Apple неодамна ги отежнал обидите да се пробие некоја шифра, менувајќи ја итерацијата од 10 илјади до 10 милиони. Тоа значи дека обидот да се погоди една лозинка не е повеќе 45 лозинки во секунда туку една на секои 18 секунди. Постојат алатки кои можат да предложат илјада лозинки во краток временски период, а доколку обидите во минута се ограничени, станува сè потешко и побавно.
„Обидот да се провали некоја лозинка, наместо два дена сега трае два месеци”.
Од друга страна, тој ја пофалил израелската компанија Cellebrite која продава уреди за хакирање на FBI, велејќи дека се единствени кои можат да излезат на патот на производите од компанијата Apple.
„Ако имате друг злонамерен гениј, Cellebrite, тогаш може да излезете на фронт”, изјавил Стивен, кашлајќи додека го изговарал името на израелската компанија.
Извор: B92.net