Инженерите на Boeing три месеци ги дизајнираа прототипот на дронот што е долг 4,5 метри, широк 5,49 метри и тежок 339 килограми.
Дронот ќе може да носи товар со тежина од 228 килограми. Компанијата не објави повеќе детали, па не е познато колку долго траело тестирањето на прототипот eVTOL (unmanned electric vertical-takeoff-and-landing) CAV (cargo air vehicle), ниту колкав е капацитетот на батеријата на дронот.
„Овој товарен дрон е голем чекор напред во стратегијата eVTOL на Boieng. Имаме прилика да го смениме начинот на транспорт и воздушниот сообраќај.
Претставувањето на дронот следеше четири месеци откако Boeing ја купи компанијата Aurora Flight Sciences што се занимава со истражувања во областа на авијацијата и аеронаутиката.
Тоа е една од компаниите што се здружија со Uber за да развиваат „летечки такси возила“.
Дроновите и летечките такси возила не се единствените VTOL проекти на Boeing. Компанијата е главен спонзор на натпревар во кој целта е да се направи функционален jetpack. Во овој проект се инвестирани 2 милиони долари, а се бараат луѓе кои ќе произведат безбеден, тивок и компактен jetpack што ќе може да носи едно лице на оддалеченост од најмалку 32 километри со едно полнење.