Научници од Германскиот вселенски центар, започнале монтажа на напредна стаклена градина на Антарктикот, која би требало да одговори на прашањето дали во вселената можат да се одгледаат билки и да се произведува храна.
Првото семе ќе се посее кон крајот на февруари, а првите листови на зелена салата треба да бидат набрани кон крајот на март, пренесуваат од овој вселенски центар.
Специјални возила за снег ја монтирале стаклената градина до 20 километри оддалечената станица Neumayer III, која се наоѓа во рамките на Институтот Алфред Вегенер.
Меѓутоа, она што е најважно е внатре: Зеленчук и билки кои, како што веруваат научниците, во современата стаклена градина ќе растат без земја и дневна светлина.
„Ќе поставиме полици, пумпи за хранење и специјални LED светла за оптимално осветлување“, вели Даниел Шиберт, директор на проектот.
Станува збор за проект на Европската унија, кој има за цел одгледување на свежа храна за астронаутите на долги мисии на Месечината и Марс.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли