Авионите се едни од најпрометните места во светот, но поради постојаното брзање, како и јазичните бариери луѓето многу ретко комуницираат едни со други додека го чекаат својот лет.
Холандскиот авиопревозник KLM оваа зима сака да го промени тоа со своите паметни седишта Connecting Seats, кои автоматски преведуваат што зборува личноста што седи во нив на јазикот кој го говори личноста што седи во соседното седиште.
PSFK пишува дека седиштата се направени во соработка со агенцијата DDB & Tribal Amsterdam, а се поставени на аеродроми каде што луѓето ги повикуваат да седнат и да поразговараат. Потоа со помош на Google Cloud speech седиштата во реално време преведуваат од еден на друг јазик.
Кампањата со седиштата е промотивна за празниците, но ги покажува можностите на технологијата за препознавање говор и превод, која во блиска иднина ќе ни помогне да живееме во еден свет без јазични бариери.