Nvidia се здружи со Uber и Volkswagen, со цел изработка на вештачка интелигенција и чипови за потребите на индустријата за автономни електрични возила, соопштуваат од компанијата.
Станува збор за изработка на чипови за компјутерска графика и усовршување на системите на самоуправувачките превозни средства.
Генералниот директор на CES, Јенсен Хуан во Лас Вегас истакна дека автономните возила на Uber веќе ги користат технологиите на Nvidia со цел подобра ориентација на самоуправувачките програми.
Uber ќе ја тестира новата компјутерска технологија на новото Volvo SC-90.