Заштитно куќиште за смaртфон се претвора во дрон

Компанијата AEE Aviation Technology произведе куќиште за смартфони кое се претвора во дрон.

Куќиштето наречено Selfly ги штити смартфоните од оштетување, но и се претвора во вистински дрон. Тој дрон доаѓа со две батерии, а едно полнење трае четири минути.

Поседува камера со 13 мегапиксели и снима видое со резолуција 1080p при 60 fps. Куќиштето е компатибилно со секој смартфон со големина од 4 до 6 инчи.

Кога ќе се расклопи станува дрон со кој се управува преку WiFi. Дронот е компатибилен со уредите кои користат оперативен систем Android и iOS.

Цената на куќиштето, односно дронот, изнесува 130 долари.