Mоделите Xperia XA2, Xperia XA2 Ultra и Xperia L2 наскоро ќе се најдат на пазарот и со напредниот дизајн и неколку новитети, ќе ги нападнат телефоните на Apple и Samsung.
Еден од новитетите кои што најмногу ќе привлечат внимание е сензорот за отпечатоци на прсти. Имено, новите Xperia телефони на Sony, за разлика од претходниците кои што се отклучуваа со притискање на копчето од страна, сега ќе можат да се отклучат со помош на скенерот за отпечатоци на прсти сместен на предниот дел од телефонот, најверојатно под самиот екран.
Сепак, најинтересна новост поврзана со новите телефони на Sony ќе биде предната камера со која што ќе можат да се прават широкоаголни фотографии од 120 степени. Како што велат од Sony, со новата камера нивните купувачи ќе можат да прават „неверојатни“ селфи фотографии.
Исто така, речиси сигурно е дека сите нови телефони на Sony ќе работат на најновата верзија на оперативниот систем Андроид – Nougat.
Покрај тоа, засега исто така е познато дека Xperia XA2 телефоните ќе бидат достапни во розева, сина, сребрена и црна боја. Моделот Ultra ќе биде достапен во златна, црна и сребрена боја, а L2 во розева, црна и златна боја.
Од Sony засега не откриваат по која цена ќе се продаваат новите модели на Xperia паметните телефони кои што се очекува да бидат пуштени во продажба најдоцна веќе идниот месец.
Извор: Klix.ba