Според вселенскиот аналитичар Брајан Харви од Гардијан, Кинезите ги поместуваат границите на достигнувањата во Вселената со една ваква технички тешко изводлива мисија.
Во 2018-та се планирани неколку возбудливи вселенски мисии – од свеченото лансирање на тешката ракета Фалкон (Сокол) на SpaceX, до мисија на Меркур. Но, Кина ја има во план највозбудливата мисија од сите – првото слетување на темната страна на Месечината во историјата. Именувана Chang’e 4, мисијата ќе биде четврта во серија мисии на Месечината по лансирањето на двата орбитери во 2007 и 2010 и роверот во 2013. Покрај постоењето и на други предлози за слетување на далечната страна на Месечината, вклучувајќи и такви од страна на САД и Русија, досега ниту еден не бил реализиран.
Според вселенскиот аналитичар Брајан Харви од Гардијан, Кинезите ги поместуваат границите на достигнувањата во Вселената со една ваква технички тешко изводлива мисија.
Мисијата ќе биде во два дела. Во првиот дел ќе се лансира комуникациски сателит, со цел негово сместување во Месечевата орбита. Поради тоа што далечната страна на Месечината е секогаш свртена обратно од Земјата, потребен е ваков сателит за пренос на информациите помеѓу Земјата и површината на Месечината на далечната страна. Кон крајот на годината, пак, можеби ќе го видиме и самото слетување.
Chang’e 4 е ровер и слетувач, првобитно создаден како резерва за Chang’e 3. Иако точните карактеристики на мисијата сè уште не се познати, знаеме како оваа шанса може да биде искористена до максимум. Бидејки Месечината е секогаш свртена кон нас со едната страна, ова значи дека никогаш не ја гледаме другата „темна“ страна, иако и двете страни се изложени на исто количество Сончева светлина при ротацијата на Месечината околу Земјата. Но, оваа страна е навистина темна во однос на радиосигналите од Земјата, кои целосно се блокирани од Месечината. Доколку се постави радиотелескоп на далечната страна на Месечината, се добива неверојатен радио-поглед на Вселената, без пречки од Земјата. Иако сè уште не се знае, Chang’e 4 би можела да содржи радио телескоп.
Она што сигурно се знае е дека мисијата ќе содржи и малечок екосистем кој ќе селта со роверот на Месечината со цел раст на растенија и инсекти на лунарната површина. Екосистемот ќе содржи компири и јајца од Bombyx mori чиј раст и развој ќе може да се следи преку пренос во живо достапен за целата јавност на Земјата.
Крајната цел на Кина е да однесе луѓе на Месечината во 2030-тите, со желба да се донесе примерок од Месечината на Земјата пред тоа, во 2019. Chang’e 4 може да биде многу важен чекор во остварување на овие цели.
Текстот е преземан од веб-страницата на Скопско астрономско друштво www.astronomija.mk