Користењето на паметните телефони продолжува да расте. До крајот на 2023 година се очекува над 90 отсто од возрасните граѓани во развиените земји да имаат паметен телефон, се наведува во истражувањето „Трендови во областа на технологијата, медиумите и телекомуникациите“ на ревизорската куќа „Дилојт“.
Како што се истакнува во истражувањето, 85 отсто од луѓето помеѓу 55 и 75 години ќе бидат сопственици на паметни телефони.
Од „Дилојт“ предвидуваат дека корисниците за пет години во просек ќе употребуваат телефон 65 пати дневно.
Во исто време, додадаваат дека 45 отсто од возрасните корисници на паметни телефони и 65 отсто од оние на 18 до 24 години, ќе бидат загрижени од преголемата употреба на телефони за одредени активности и ќе се обидуваат да ја ограничат во 2018 година.
Се очекува и дека над милијарда корисници на паметни телефони веројатно ќе создаваат содржина со „Augmented Reality“ барем еднаш во 2018 година, а најмалку 300 милиони корисници веќе го прават тоа месечно, а десетина милиони неделно.
„Дилојт“ предвидува дека традиционалното гледање на телевизија ќе опадне за околу пет до 15 отсто годишно, меѓу популациите од 18 до 24 години во САД, Канада и Велика Британија во 2018 и 2019 година.
Тој застој на падот е забележан и во претходните седум години, а факторите кои ги отргнуваат младите од традиционалната телевизија, како што се паметните телефони, социјалните мрежи и видео пиратеријата, полека достигнуваат точка на заситување.
Поврзани артикли