Компанијата Nissan тајно работела на развој на технологија на возилата со мозочни бранови, систем наречен Brain-to-Vehicle (B2V).
Со анализа на мозочните бранови на возачот, самоуправувачкиот автомобил ќе може да предвиди движења како поместувања на воланот или додавање на гас, па така ќе реагира врз основа на овој систем.
Nissan се надева дека ова ќе ја забрза реакцијата на автомобилите за најмалку половина секунда, што иако би било незабележително, во голема мера ќе го подобри чувството за возење.
Оваа технологија ги анализира реакциите на возачите при возењето и детектира непријатност. Јапонската компанија ќе ја претстави оваа технологија на Саемот за иновации во Лас Вегас, кој се одржува од 9-ти до 12-ти јануари.
“Кога луѓето ќе помислат на автономни возила, имаат безлична визија за иднината, каде луѓето во потполност се ослонуваат на контрола на машината. B2V технологијата е токму спротивното – со сигнали од сопствениот мозок, возачите ќе имаат можност да уживаат во возбудливо и пријатно возење”, изјави извршниот потпретседател на Nissan.
Со системот ќе биде овозможена и контрола на внатрешното опкружување на возилото.
Nissan unveiled research today that will enable vehicles to interpret signals from the driver's brain, redefining how people interact with their cars. Find out more at #CES2018 or check out our video: https://t.co/NlVEWlg5IM pic.twitter.com/X33nOxIcDM
— Nissan (@Nissan) January 3, 2018
Извор: B92.net