Ако сте притиснале „логирање преку Фејсбук“, со тоа вие му дозволувате на „Фејсбук“ да споделува чувствителни податоци со веб-страницата што ја посетувате. Тука се вбројува, на пример, вашата е-адреса, адресата, работното место, детали за вашата врска, места каде што сте биле и кои се вашите пријатели.
Најдобриот начин да се остане заштитен онлајн е да се споделува само она што би биле задоволни ако целиот свет го види.
Кои информации „Фејсбук“ може да ги споделува за вас?
– Вашиот јавен профил (име, возраст, пол, локација, фотографија, временска зона)
– Сите нешта на кои сте ставиле лајк
– Вашите пријатели
– Вашата е-пошта
– Вашите фотографи
– Вашиот оддел „за мене“
– Сите ваши објави
– Вашиот роденден
– Детали за врската
– Вашето образование
– Религиски и политички гледишта
– Настани на кои сте биле
– Работни места
– Од каде потекнувате
– Вашиот телефонски број