Од Кејп Канаверал синоќа компанијата „Спејс Екс“ (SpaceX) ја лансираше ракетата Фалкон 9, која што носи мистериозен товар – американски владин сателит Зума.
Првично лансирањето беше закажано за ноември, но поради дополнителни тестирања и временски услови тоа се случи сега.
Сателитот бил испорачан во ниска орбита, односно на висина од околу 2 илјади километри, но точната локација и одредиште не се објавени.
Зума е изработен од компанијата „Нортроп Груман“ за американски владини агенции, но неговата функција, ниту опрема не се јавно познати. Поради тајноста на мисијата, претпоставките се дека се работи за национална безбедност, одбрана или набљудување, а лансирањето на ракетата, за разлика од претходно, не беше пренесувано во живо.
Компанијата на Илон Маск минатата година изведе 18 успешни лансирања. Кон крајот на овој мсец предвидено е да биде лансирана и ракетата Фалкон Хеви, која има трипати посилен притисок од Фалкон 9.