Нов вид на Hoverboard

Од креаторот на hoverboard-от ни доаѓа новиот производ, наречен IotaTrax. Автор на производот е Shane Chen. Авторот освен hoverboard (кој имаше две тркала на страните на плочата на која стоеше патникот) имаше и втор производ кој не стана толку славен, а тоа беше Solowheel, кој имаше едно поголемо тркало кое беше поставено помеѓу двете стапала на патникот.

IotaTrax е мешавина помеѓу двата производи и има две тркала кои се сместени помеѓу стапалата на патникот. Новиот производ е покомпактен отколку hoverboard-от, но е постабилен околку Solowheel. Chen морал да конструира нов вид на систем за вртење, бидејќи за да може правилно да завртат двете тркала, едното од нив (при вртење – внатрешното тркало) мора за се движи побрзо од другото. Продажбата ќе започне на 28-ми февруари по цена од 599 долари, а можете да го нарачате и претходно по цена од 499 долари.