Телевизорите на LG ќе станат побрзи и попаметни со помош на технологијaта, како Google Assistant и Amazon Alexa. Од корејска компанија во пресрет на CES 2018 во Лас Вегас најавија дека новите модели на LG се дизајнирани согласно концептот за вештачката интелигенција ThinQ, промовирана неодамна од страна на компанијата.
Моделите на LG поддржуваат паметни технологии како виртуелните асистенти – Google Assistant и Amazon Alexa. На високата класа OLED телевизори, LG ќе имплементира нов процесор Alpha 9, кој е доволно моќен и поддржува видео со висок квалитет на сликата – до 120 фрејма во секунда. Новиот чип обезбедува исто така подобра репродукција на бои, а со новиот процесор значително е намален шумот.
Оние условно покомерцијалните телевизори LG Super UHD ќе користат аналоген процесор Alpha 7, со подобрено осветлување. Моделите од оваа година ќе ја имаат истата поддршка на Advanced HDR од Technicolor.
Поврзани артикли