Телекомуникациската компанија „Вип“ ја започнува новата година со подароци и изненадувања за сите свои корисници на мобилната телефонија. Сите припејд и постпејд-мобилни корисници во првиот месец од годината добиваат подарок дополнителен интернет-пакет, а со тоа и уште поголема можност за слободна мобилна интернет-комуникација.
Сите постојни и нови постпејд-корисници, активирани заклучно со 2 јануари, веќе на вториот ден од новата година добија подарок месечен интернет пакет од 2 ГБ, што ќе може да го искористат до 31 јануари годинава. Подарокот од дополнителен мобилен интернет го добиваат и оние корисници што во меѓувреме направиле обнова или промена на тарифата. Сите постојни и нови припејд-корисници, пак, што ја активирале услугата заклучно со 2 јануари добиваат подарок неделен интернет-пакет од 1 ГБ, што ќе може да го искористат до 10 јануари оваа година.