Германските автомобили покриваат широк опсег на карактеристики, стилови и достигнувања. Но, германските производители на автомобили се познати и по следното – пасијата за необични автомобили. Доколку, еволуцијата на легендарната Volkswagen Beetle не беше доволен доказ за ова тврдење, автомобилот кој Ви го претставуваме во продолжение сигурно ќе ги разувери и најголемите скептици.
Станува збор за микро автомобилот Zundapp Janus од 1958 година кој во моментот се нуди на продажба. Името на автомобилот доаѓа од името на римскиот бог Јанус, познат по своите две лица, едно со кое гледал напред и едно со кое гледал назад. Овој симпатичен автомобил се појавува и во Дизниевиот филм Cars 2. (Името на професорот Zundapp не е случајно нели?)
Во описот за овој примерок во Classic Driver се вели дека возилото е во одлична состојба и откако било реставрирано во 1973 до денес било чувано во музеј. Се работи за неверојатно редок модел. Произведени биле само 6902 автомобили Janus во периодот помеѓу 1957 и 1958 година.
“Овој микро автомобил е одлична можност за колекционерите, особено поради фактот што станува збор за можеби најчудниот дизајн на автомобил кој некогаш е направен“. велат од Classic Driver.