Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, во едно неодамнешно интервју изјави дека светот станува подобро место и покрај бројните природни катастрофи и негативните настани што се случуваат на нашата планета.
Наведувајќи ја намалената стапка на смртност кај децата и сѐ поголемата заштита која земјите им ја пружаат на хомосексуалците, Гејтс истакнува дека сме премногу фокусирани на негативните вести, па затоа не ги забележуваме оние позитивните.
“Овие случувања, колку и да се страшни, се случија во контекст на еден поголем, позитивен тренд. Сѐ на сѐ, светот е подобар”, изјавил Гејтс.
Како некои од позитивните настани за кои говори Гејтс е драстично намалената стапка на смртност кај децата до петгодишна возраст. Тој додава дека бројот на ваквите случаи од 1990 година е преполовен, со што се спасени животите на 122 милиони деца.
Сѐ помал е бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија – тој број во изминативе 28 години е намален за една третина, вели Бил.
Како трет пример го наведува огромното зголемување на бројот на деца кои посетуваат основно училиште ширум светот. Законите кои ги штитат хомосексуалците се усвоени во 100 земји, додека сѐ повеќе жени ширум светот се на јавни функции.
Гејтс ги обвинува медиумите за ширење на песимизмот. Луѓето повеќе сакаат да читаат лоши вести, што ги ограбрува организациите да се фокусираат на негативните работи, смета Гејтс.
Извор: Tportal.hr