Компанијата SpaceX се подготвува за долгоочекуваното лансирање на мегаракетата Falcon Heavy, која е способна да однесе голем товар во вселената.
Вчера тие за првпат ја претставија ракетата и дадоа краток вовед за тоа како би можело да изгледа лансирањето.
Falcon Heavy е дизајнирана на тој начин да може да се користи и по првото полетување, исто како што беше случајот со Falcon 9. Се очекува во наредните недели да биде спроведен пробен лет од Вселенскиот центар на NASA во Кејп Канаверал.
Компанијата објави видео од вертикално поставената Falcon Heavy ракета на социјалната мрежа Twitter. Таа е висока околу 70 метри и може да понесе товар од цели 57 тона во вселената. Пред да биде лансирана, потребно е да помине уште неколку дополнителни тестови.
With more than 5 million pounds of thrust at liftoff—equal to approximately eighteen 747 aircraft at full power—Falcon Heavy will be the most powerful operational rocket in the world by a factor of two. https://t.co/NneqPRPr46 pic.twitter.com/oswCUreG6i
— SpaceX (@SpaceX) January 3, 2018
Falcon Heavy е најмоќната американска ракета по ракетата на NASA, Saturn V, а може да понесе двојно повеќе товар од моменталниот рекордер, Delta IV Heavy, која беше произведена од компанијата United Launch Alliance.
Комплетната ракета е тешка 1.406.136 килограми, а ствара притисок од 1.723.650 килограми. Поседува три јадра со по девет мотори. Тие мотори имаат главна улога во првата фаза од лансирањето.
More photos of Falcon Heavy on the launch pad → https://t.co/095WHX44BX pic.twitter.com/Z5aE1BUFSt
— SpaceX (@SpaceX) January 3, 2018
Извор: Klix.ba