Постојат различни приказни и легенди за чудните звуци кои се појавуваат во прекрасната северна светлина. До сега, научниците немаа докази за да ги поврзат со Аурора Бореалис.
По 12-годишно истражување, тим од Универзитетот Алто успеа да ги фати мистериозни звуци и да докаже дека тие се раѓаат на 70 метри над земјата. За да ја утврдат вистинската локацијата на звукот, научниците поставиле три одделни микрофони за време на северното сјаење уште во 2004 година. Дури минатата година, откако успеале да ги дигитализираат записите, тие откриле дека успеале да го „уловат“ мистериозниот звук.
Засега, никој од научната јавност не се осудува да излезе со хипотеза за звукот и причината за неговото појавување. Досега е отфрлена веројатноста дека звукот се јавува како реакција на пукање на мразот или некоја синестетичка илузија.
Интересно е што научниците истиот звук го имаат „уловено“ и на други места со силна електромагнетна активност каде северната светлина скоро и да не била присутна
„Во минатото истражувачите веруваа дека северната светлина се раѓа на премногу голема далечина и луѓето не можат да ги чујат звуците кои ги произведува. Нашето истражување сепак докажа дека изворот на звуците поврзани со Аурора Бореалис, најверојатно е поврзан со истите активни честички од Сонцето кои ја создаваат северната светлина на небото“, велат експертите.