Можеби мозокот не успева да ги реализира ветувањата за кои сте се заколнале дека ќе ги реализирате во новата година, меѓутоа, тоа не треба да ве спречува да си го подобрите животот. Како што ја испраќаме 2017 година, обидете се да не го заборавите и вашиот дигитален живот, а ова се технолошките навики што треба да ги усвоите.
1. Направете бекап на вашите податоци
Сите знаеме дека треба да правиме бекап на нашите податоци и документи што се наоѓаат во уредот, но го одложуваме тоа до моментот кога ќе биде предоцна. Не чекајте бидејќи секој момент може да ви се случи најлошото – сега е време да обезбедите сигурни копии од информациите што се наоѓаат во вашите уреди.
2. Направете нешто повеќе со вашите фотографии
Постојано фотографираме, меѓутоа, често фотографиите завршуваат во нашите архиви. Затоа, ветете си дека 2018 година ќе биде година кога ќе ги прегледате вашите стари фотографии и ќе се потсетите на старите добри времиња. и „Гугл фотос“ и „Епл фотос“ овозможуваат алатки со кои ќе ги соберете вашите најдобри фотографии и видеоклипови, создавајќи дигитален фотоалбум.
3. Научете нова вештина
Ова е класична новогодишна одлука, а тука технологијата и тоа како може да помогне. Помеѓу бесплатните видеа и апликации, можете да научите да свирите на гитара со помош на „Јутјуб“ или да научите јазик со помош на вашиот телефон. Други бесплатни туторијали ве учат да кодирате, да работите на уредување слики, подобрување на вашите вештини за готвење и апсорбирање повеќе информации за природниот свет.
4. Пишувајте рецензии што би можеле да помогнат
Оставањето детална рецензија им овозможува на другите луѓе да направат добар избор. Во текот на новата 2018 година помогнете им на другите со давање рејтинзи за одредени производи и со пишување рецензии.
5. Најдете им нова употреба на старите уреди
Наместо да собираат прашина старите телефони, таблети или лаптопи, можете да им дадете „нов живот“ на неколку начини, од безбедносна камера за вашиот дом до аларм-часовник. На интернет можете да најдете интересни идеи како да ги претворите во нешто корисно.
6. Бидете пофини на социјалните мрежи
Интеракцијата на „Твитер“ и „Фејсбук“ лесно може да се претвори во навредувања од секаков вид, особено кога е вклучена политиката. Во 2018 година треба да се обидете да дадете позитивна нота во вашите коментари и социјални интеракции.
7. Сериозно сфатете ја вашата интернет-безбедност
Последните 12 месеци не беа многу добри во полето на технолошката безбедност. Затоа, во новата година треба подобро да го заштитите вашиот дигитален живот.
8. Обидете се да користите нова технологија
Сите го сакаме она на што сме навикнати и што ни е лесно и познато, но новата технологија може да го отвори вашиот ум. Во 2018 година земете го предвид префрлувањето од „Ајос“ на „Андроид“ (или обратно) или пробајте да користите „Линукс“.
9. Избришете го непотребниот дигитален хаос
Избришете ги апликациите што не ги користите од вашиот телефон и лаптоп, избришете ги старите е-пораки, ослободете простор на вашите уреди итн.
10. Ограничете го времето поминато пред екран
Колку и да ја сакаме технологијата, таа одзема голем дел од нашето време. Оваа година обидете се да одржувате подобар баланс помеѓу користење на вашите уреди и поминување време во реалниот свет.