LG го претстави својот нов телевизор кој се одликува со првиот во светот 88-инчен 8K OLED екран, соопштува сајтот Engadget.
Во моментов 4K е форматот кој го избираат голем дел од корисниците, но 8K го претставува квалитетот на сликата на сосема ново ниво.
LG соопшти дека телевизорот нуди резолуција со 33 милиони пиксели, што е за 16 пати повеќе од Full HD и четири пати повеќе од новите Ultra HD екрани.
Проширувањето на портфолиото од OLED производи ја одразува посветеноста на LG Display да биде лидер на пазарот на луксузни телевизори.
„Успешниот развој на првиот во светот 8K OLED екран е пресвртница за ерата на 8K и го нагласува возбудливиот потенцијал на OLED“, вели Ин-Бјун Кан, извршен потпретседател и главен службеник за технологија на LG Display.
Вкупно 33-те милиони пиксели во секој 8K OLED екран создаваат деликатна слика и неспоредлив квалитет на сликата, кои веќе се високо ценети од „UHD TV“ индустријата.
OLED телевизорите се добро познати со високиот квалитет на сликата со совршена црна боја, повеќе живописни бои и поголем број агли на сликата.
Засега не се соопштува која ќе биде цената и кога ќе се појават на пазарот 8K телевизорите, но LG ќе покаже нов телевизор на Саемот за електроника во Лас Вегас, кој започнува следната недела.
Сигурно новиот 8K телевизор ќе биде исклучително импресивен, но наоѓање на содржина за гледање на него нема да биде лесно. Повеќето емисии сè уште допираат во домови во стандардниот HD формат, а само ограничен број на телевизори нудат содржина од 4K.
Amazon, Netflix и Sky веќе го прифатија 4K, а ВВС“ неодамна објави дека ќе ја емитува документарна серија „Blue Planet“ во овој формат, но повеќето емисии не се достапни за гледање на „Ultra HD“ екран.