Копирањето и правењето на забелешки ќе стане многу позабавно благодарение на новиот геџет на пазарот – дигиталниот маркер наречен Scanmarker.
Станува збор за електронски уред кој што ги копира белешките кои што ги сакате, без да имате потреба да ги типкате зборовите. Доволно е само да скенирате со помош на Scanmarker, односно да поминете врз текстот кој што сакате да го копирате, по што истиот ќе се појави на вашиот компјутер или таблет. Најинтересно е тоа што копираниот текст ќе можете да го преуредувате.
Scanmarker е компатибилен со сите уреди и оперативни системи, а текстот го копира за 30 пати побрзо отколку нормалното препишување со помош на тастатурата. Исто така, овозможен е и превод на текстот на 40 јазици.
Додека го скенирате посакуваниот текст, односно додека правите белешки, ќе можете да го слушате текстот, што е идеално за учење.
Scanmarker може да послужи и како скенер на бар кодови. Лесно е пренослив а со другите уреди се поврзува преку Bluetooth и соодветна апликација.
Извор: Klix.ba