Жителите на Тел Авив се надеваат дека нивниот град го поставил новиот Гинисов рекорд на најголема кула од лего коцки, посветена на едно осумгодишно момче кое почина од рак.
Граѓаните на Рабиновиот плоштад во Тел Авив изградија лего кула висока 35,95 метри, за што им беа потребни речиси 500.000 шарени коцкички. Моментниот рекорд го држи Милано (35,05 метри), поставен пред две години.
Потфатот не беше проследен од претставник на Гинис, па градските власти се уште немаат потврда дали ќе бидат запишани или не во Книгата на рекорди. Но, надлежните детално ги известија медиумите за тоа, па се надеваат на позитивен одговор.
Настанот беше организиран во сеќавање на Омер Сајаг (8), кој ja обожаваше Лего коцки. Во негова чест, кулата е наречена „Омер кула“.
Данската компанија Лего не зеде учество, па акцијата беше финансирана од приватни донации.