До крајот на ноември само во САД имаше потврдени 7.000 случаи на болни од грип, што е двојно повеќе од претходната година. Истраќувачи од Медицинската школа на Универзитетот на Вашингтон се надеваат дека повеќе нема да има потреба од вакцина за грип, а решението е ДНК вакцина.
Оваа вакцина ќе обезбеди долготрајна заштита од сите видови вируси на грипот, дури и доколку вирусите се менуваат генетски. ДНК вакцината ќе им дава наредби на клетките од кожата да генерираат антигени и лимфоцити за да се борат со грипот. Со пиштол вакцината ќе се става директно во кожата. Благодарение на оваа вкацина луѓето нема да мора да се грижат за грипот секоја година.
ДНК вакцината ќе може да се справи со сите генетски модифицирани форми на грпот со помош на генетски компоненти од вирусот на грипот. Тимот истражувачи ја тестирале вакцината на мајмуни. ДНК вакцината не само што го одбива вирусот туку ги наоѓа инфицираните клетки и ги убива.
Професорката Дебора Фулер од Одделот за микробиологија, во чија лабораторија се правеле сите истражувања, вели дека имунизираните групи мајмуни покажаче дека ДНК вакцината им обезбедила 100% заштита oд сите вируси за кои не е направена.
Универзалната ДНК вакцина ќе може да се примени во случаи на смртоносен пандемичен тип на вирус. Рокот за производство беше 9 месеци, а сега се намали на 3 месеци. Ваквата вакцина го има потребниот механизам за изработка на вакцини за други вируси како зика.
Извор: Иновативност.мк
Поврзани артикли