Корисник на интернет, како поединец, никогаш не е доволно сигурен на интернет, па затоа, од клучно значење е неговите лозинки, да бидат сигурни. Голем удел во тоа има факторот двојна заштита. Но, и покрај предупредувањата на кибер-експертите, и се почестите кражби на податоци, многумина и натаму користат лозинки кои први им паѓат напамет, и кои се лесни за паметење.
Тоа значи дека корисниците на интернет сите размислуваат слично, па така, најчесто користена лозинка во 2017 година е – „123456”. Ова е омилената сигурносна комбинација втора година по ред.