Најглупавиот изум за 2017. година

Листите на нај,нај,нај… за 2017 година имаат и таква на која се наоѓаат сосема непотребни иновации кои се појавија во тековната година. Во изборот на најглупавите изуми кои се појавија на пазарот, победник за оваа 2017 година е компанијата Juicero од Сан Франциско, која лансираше „иновативен“ соковник кој чини 700 долари.

Уредот е дизјаниран за ефикасно да ги исцедува течностите од специјалните пакувања со овошно пире кои ги произведува истата компанија. Нефункционалноста на иновацијата е во тоа што корисниците на нивните пакетчиња со овошно пире увиделе дека течноста можат да ја исцедат со рака, за што воопшто не им е потребен соковникот од 700 долари.