Додека Американците преферираат да возат SUV возила, купувачите во Европа и понатаму најмногу купуваат автомобили од B и C сегментот, а на врвот на европската листа на најпродавани модели за оваа година се наоѓа Volkswagen Golf.
Како што се собираат резултатите од продажбата се комплетираат и листите за најпродавани автомобили од различни производители, сегменти и парични категории, а на врвот на листата на најпродавани модели во Европа се најде бестселерот на Volkswagen, Golf, за кого оваа година се решија дури 445.206 купувачи.
На второто место се најде Renault Clio (298.990 продадени примероци), а трет најпродаван автомобил во Европа е Volkswagen Polo (255.370 примероци), по кого следи Ford Fiesta (237.770 примероци).
До петтото место стигна моделот на Nissan, Qashqai (230.860 примероци), додека на шестото и седмото место се пласираа Peugeot 208 (225.198 примероци) и Opel/Vauxhall Corsa (204.742 примероци).
На последните три позиции од Топ 10 листата се најдоа Volkswagen Tiguan (218.238 примероци), Škoda Octavia (213.329 примероци) и Opel/Vauxhall Astra (204.742 примероци).
Најпродавани автомобили во Северна Америка се Toyota Rav4 и Nissan Rogue.
Извор: Klix.ba