Откако компанијата „Тата“ се откажа од инвестицијата, основачот на компанијата Faraday Future најде нов неименуван спонзор.
Основачот на компанијата соопшти дека пронашол инвеститор кој што ќе ѝ помогне на Faraday Motors со финансиска инјекција од вртоглави една милијарда долари, по што основачот ќе стане и CEO на компанијата.
Оваа вест пристигнува само неколку дена подоцна откако се појави информација дека кинеската влада ја ставила компанијата на црната листа поради неликвидноста, а тоа претставуваше закана на целиот бренд кој што има прилично големи амбиции.
На почетокот на оваа година на Саемот за автомобили во Лас Вегас беше претставен прототипот на луксузниот SUV кој што е наречен FF91 на Faraday Motors. Според најавите, овој „автомобил од соништата“ треба да започне да се произведува во текот на идната година, но поради финансиските проблеми тоа ќе биде веројатно пролонгирано.
Станува збор за автомобил кој ќе биде директна конкуренција на електричните модели на Tesla, но и на останатите супер-автомобили на пазарот.
Многумина го нарекуваат „чудо од автомобил“ затоа што FF91 располага со 1050 коњски сили и забрзување од 0 до 100 од неверојатни 2,39 секунди. Покрај моќната машина, автомобилот на Faraday Motors ќе биде препознатлив со убедливо најнапредната технологија кога се во прашање автомобилите – од сензори на врати кои ќе го препознаваат возачот и автоматски ќе се отвораат, па се до холограмски приказ на сите потребни информации во внатрешноста при возењето на FF91.
Извор: Autoportal.hr