Новиот Xiaomi фаблет Mi Max 3 на идните корисници ќе им понуди дисплеј во 18:9, двојна задна камера и 5500 mAh батерија
Наместо голем 6.44 инчи во стандарден 16:9 формат, Mi Max 3 би требало да добие 7-инчен екран во модерен 18:9 формат, со многу тенки рабови околу самиот екран.
Mi Max серијата е позната по својата батерија со голем капацитет, така што Mi Max 3 ќе добие батерија со капацитет од 5500 mAh, како и поддршка за технологијата Quick Charge 3.0.
Кога станува збор за процесорот, се споменуваат две варијанти: првата е Snapdragon 630, додека втората е Snapdragon 660.
Според неофицијални информации, новиот Xiaomi треба да има двојна задна камера и ќе биде опремен со минимум 3GB RAM и 32GB внатрешна меморија.
Информации за тоа кога Xiaomi Mi Max 3 може да се појави на пазарот се уште нема.
https://www.youtube.com/watch?v=-LBNIBQb-ww
Извор: B92.net