Facebook и Universal Group прават партнерство кое им овозможува на корисници на Facebook, Instagram и Oculus да пристапат до богатата колекција со лиценцирана музика на Universal.
Партнерството е прво меѓу гигантот во социјалните медиуми и големата музичка компанија и ќе им овозможи на корисниците на социјалните медиуми да поставуваат видеа со лиценцирана содржина. Досега, повеќето видеа со лиценцирана содржина не може да бидат поставени поради кршење на авторските права.
Во февруари извршниот директор на Facebook, Марк Зукерберг промени корпоративната филозофија на Facebook и изјави дека социјалната мрежа ќе помогне во решавањето на „значителниот пад на важната социјална инфраструктура на локалните заедници“.
„Постои магнетна врска помеѓу музиката и општеството“, рече Тамара Хривник, директорка на Одделот за бизнис развој на музиката во Facebook.
Другите социјални мрежи исто така се фокусираа на музиката за да го зголемат својот ангажман кон нивните платформи. Универзал направи слично партнерство со “Мајспејс” во 2008 година за да му ја даде својата музика поширок опсег.
Universal ги држи правата на ѕвезди како Бон Џови и Ерик Клептон.