Може ли алуминиумските цевки да бидат доволно префинети за да бидат дел од ентериерот? Изгледа дека е можно!
Инспирирани од формата на држач кој се користи за сечење и цепење дрво, холандското дизајнерско дуо Oskar Peet и Sophie Mensen од студиото OS & OOS, креира линија на мебел од алуминиумски цевки. Колекцијата, која има минималистичка, модерна естетика, ја сочинуваат клупи за седење, столици, маси, држачи за облека и комоди.

„Бидејќи сум од Канада, честопати ги користев овие држачи за сечење дрво за да огревно дрво. Тогаш сфатив колку конструкцијата на овие држачи е убава и интелигентна, бидејќи тие така лесно ја исполнува својата функција. Видовме врска помеѓу екструдираните алуминиумски цевки и трупци, кои потоа ги стави на ногарки, како што се оние за сечење дрво и на тој начин ја добивме инспирацијата за комплетна колекција на мебел“, изјави Oskar Peet за Dezeen.

Покрај тоа што е лесен, алуминиум е и воедно и цврст материјал, меѓутоа, дизајнерите го избрале поради можноста за негово рециклирање.

Секое парче на мебелот од колекцијата Tunnel е достапно во пет различни бои: шампањ, темно црвена, розова, црна и природно бела боја.



