За да го најдете вашиот телефон , не треба да инсталирате апликации, а целиот процес трае помалку од половина минута. Одете на Find My Device – Google и потоа пријавете се на вашата Google сметка, стискајќи sign in. Системот автоматски ќе ги препознае сите регистрирани уреди кои имаат инсталиран оперативен систем Android. Изберете го уредот што сакате да го најдете и притиснете ја стрелката.
Системот за пребарување е многу брз и уредот ќе биде пронајден за помалку од половина минута. Точноста на локацијата е од 25 до 50 метри.
Кога ќе го пронајдете апаратот, има опција да почнете со ѕвонење што ќе трае пет минути, дури и ако телефонот е на “silent” . На овој начин ќе го најдете мобилниот ако сте го изгубиле некаде или ако е украден.
За да може целиот систем да функционира, мобилниот мора да биде поврзан на некоја мрежа (мобилна или WiFi), а на телефонот мора да биде активирана и опцијата за локација. Ако ги исполнувате овие предуслови, лесно ќе го пронајдете вашиот уред.