Вештачка интелигенција
Повеќе главни директори на големите технолошки компании оваа година јавно говореа за потенцијалите на машинското учење и вештачката интелигенција. И едното и другото се сè поприсутни во дигиталните алатки и апликации. Но, тоа е само почеток.
Се очекува идната година производителите на паметни телефони да осмислуваат нови начини за да ги вклопат во своите уреди. „Хуавеј“ (Huawei) со својот модел „мејт 10 про“ веќе навести како би можело да изгледа тоа.
Тој смартфон користи препознавање на фотографии и има посебен процесор кој автоматски ги приспособува поставките на камерата за подобрување на квалитетот на фотографиите. Следните чекори би можеле да бидат превод во реално време, подобро изложување на ситуацијата…
Проширена реалност
Проектот на „Гугл“ за проширена реалност – „Танго“ не беше без потенцијал и солиден технолошки темел. Но, поради ригидните хардверски ограничувања и недостигот на поддршка, не заживеа во поширок опфат.
Денес сме сведоци на вториот бран на интеграција на проширената реалност, чии истакнати претставници се Arkit за уредите на „Епл“ и ARCore за „Андроид Орео“. Двата система ги жртвуваа прецизноста и точноста за да можат да функционираат со стандардните камери на паметните телефони.
Тоа создаде предуслови за значајно проширување на корисничката база. Веројатно е прашање на време кога игри како Pokemon Go ќе уверат милиони луѓе дека проширената реалност не е само за вљубениците во технологијата.
Тродимензионално мапирање на лица
Технологијата на „Епл“, TrueDepth, би можела да биде една од првите поради кои ќе заборавиме на отпечатокот од прст. Нема да биде ограничена само за моделите на ајфон затоа што од Qualcomm веќе стигна најава дека нивниот чип Snapdragon 845 ќе поддржува слични функции и за „Андроид“.
USB-C
Годината што заминува беше обележана, меѓу другото, со поинтензивен премин од микро УСБ на понапредниот УСБ-Ц. Им се придружи и „Епл“, кој ги опреми своите уреди со такви слотови и ги искористи за побрзо полнење на ајфонот. Сепак, голем број евтини паметни телефони од средна класа сè уште имаат микро УСБ. Се очекува нивниот број во текот на 2018 година значително да опадне.
Подобри Bluetooth ушни слушалки
Постепеното одумирање на 3,5 милиметарскиот аудиовлез за слушалки се чини дека е веќе извесно. Истовремено, „Bluetooth 5.0“ станува сè поприсутен, а технологиите за спојување се сè подобри. Тоа дава надеж дека во идната година ќе добиеме евтини и квалитетни Bluetoothушни слушалки.
Смартфони како лаптопи
Компаниите како „Самсунг“ и „Хуавеј“ најверојатно ќе продолжат со развивање решенија и уреди кои ќе овозможат паметните телефони да се претворат во лаптопи. Веќе кружат шпекулации дека „Galaxy S9“ стандардно ќе доаѓа со пакет со такви можности“, пишува Gizmondo.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли