Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, јавно ја обвини Северна Кореја за хакерските напади кои во текот на мај годинава загрозија стотици илјади компјутери во светот.
Американскиот советник за национална безбедност, Том Босарт, рече дека Северна Кореја е директно одговорна за нападот со вирусот Wannacry и дека за тоа ќе мора да преземе одговорност.
Тој изјави дека повикот на американската администрација кон Пјонгјанг за одговорност во врска со овие напади се базира на докази што биле добиени од други влади и приватни агенции, вклучувајќи ги и Обединетото Кралство и „Мајкрософт“.
Босарт истакна дека администрацијата на Трамп ќе продолжи да ја користи стратегијата за максимален притисок за да ја оневозможи способноста на Пјонгјанг да спроведува напади, компјутерски и какви било други“.
Пјонгјанг претходно го отфрли обвинувањата за хакерски напади.
Извор: B92.net
Поврзани артикли