Според извршниот директор на компанијата Simba од Обединетото Кралство, Џејмс Кокс, 27 пати во текот на годината заспиваме додека се возиме во автобус. Токму затоа неговата компанија има многу поудобна алтернатива од спиењето во седиште. Simba Snoozeliner е автобус со 14 кабини со кревети за спиење, слушалки кои ја блокираат бучавата и млечен трн кој помага за чистење на црниот дроб. Simba Snoozeliner автобусот на ноќно возење им овозможува на патниците да спијат удобно додека патуваат. Има дури и стјуард кој ќе ги буди луѓето кога ќе стигнат до нивната станица.
Автобусот е направен во соработка со Andersson-Wood Architects. Секоја кабина за спиење на ноќниот автобус ќе опремена со душек Simba Hybrid Mattress, јорган и перница и маска за очи. Патниците можат навистина да одморат затоа што можат и да се пресоблечат и облеката и чевлите да ги стават во посебен склад.
Како што пишува Inhabitat, некои од другите работи што се нудат се главно наменети за тие што испиле малку повеќе алкохол, како минерална вода, млечен трн и витамин Ц. Се испуштаат посебни мириси за да ги поттикнат да спијат патниците, а може да се купи и „смуди“ или кафе. Автобусот е исполнет и со други растенија за уште подобра атмосфера.
Прашање е дали автобусите ќе почнат да возат по патиштата во Обединетото Кралство. Кокс вели дека знаат дека им претстојат многу пречки и бирократија која треба да се премине, но решени се да одржат средби со сите локални власти во новата година. Од Simba сакааат да ја лансираат услугата наесен идната година, а патувањата ќе чина од 8,5 фунти нагоре или околу 11 долари, а автобусите ќе возат по 8 линии во 4 градови во Обединетото Кралство.
Поврзани артикли