Секоја шеста компанија во Европската унија продавала минатата година производи и услуги преку Интернет. Од регионот, Хрватска е благо до европскиот просек, покажува извештајот на Европската канцеларија за статистика.
Вкупно 16 проценти од компаниите во ЕУ минатата година примиле порачки преку интернет страниците или апликациите, утврдиле од Еуростат, забележувајќи дека нивниот удел повеќе или помалку е непроменет од 2014 година. Во 2010 година само 12% од нив користеле интернет како канал за продажба.
Од компаниите со веб продажба во 2016 година речиси сите (97%) ги исполнуваат нарачките за домашниот пазар, додека помалку од половина (44%) продаваат стоки и услуги на државјаните на други земји-членки на ЕУ. Малку над една четврттина (28%) од фирмите користат онлајн канали за тргување на пазари надвор од од ЕУ.
Од земјите каде Интернетот се користи најмногу за продажба од компаниите се Ирска (26%), Шведска (25%) и Данска (24%), а по нив следуваат Холандија (22%) и Белгија (21% ).
Поврзани артикли