Новиот смартфон на компанијата Lenovo, моделот K320t ќе има двојна задна камера.
TFT дисплејот од 5,7 инчи ќе има резолуција од 1440х750 пиксели, процесор со 4 јадра на 1,3GHz, RAM од 2 или 3 GB и 16, односно 32GB внатрешна меморија.
Меморијата ќе може да се прошири со microSD картичка со макимален капацитет од 32GB. Уредот се напојува со батерија од 3.000mAh.
Во објавата на агенцијата TENAA не се откриваат детали за главната задна камера, но се наведува дека секундарната камера има сензор од 2 мегапиксели.
Од предната страна има селфи камера од 8 мегамиксели.
Телефонот има поддршка за 4G LTE мрежи, Bluetooth и GPS. Користи оперативен систем Android 7.0 Nougat.
Lenovo K320t ќе биде достапен во црна и во бела боја, но уште не е познато кога и по која цена.
Извор: B92.net
Поврзани артикли