Шестгодишниот Рајан, водител на популарниот YouTube канал Ryan ToysReview, веќе е мултимилионер, пишува Forbes.

Имено, Рајан се најде на листата од јутјубери кои најмногу заработиле во 2017 година. Ова детенце во оваа година, според податоците на Forbes, заработил 11 милиони долари, па така го завзеде осмото место на листата на YouTube ѕвезди кои најмногу заработуваат.

Каналот го отвориле неговите родители во 2015 година. Тие ги снимаат и ги продуцираат емисиите на Рајан, а тие се главна причина за тој да стане толку богат.

 

Се започнало така што Рајан обожавал да ги гледаа рецензиите на игрите на YouTube, па ги запрашал родителите зошто и тој да не го прави тоа. Го прославил видео клипот во кое го отвора големото Пиксарово јајце, а до ден денес тоа видео има повеќе од 800 милиони прегледи.

Освен играчки, Рајан почна да рецензира и слатки, а на YouTube го следат повеќе од 10 милиони луѓе.