Некои британски весници и интернет портали почнаа активно да користат роботи како ко-автори за нивните публикации. Десетици издавачи само во последните неколку месеци се приклучија на оваа практика, покажа истражувањето кое го спроведе „Financial Times“.
„Ова е вистински чекор што ќе ја смени состојбата во новинарството. Ова е иднината“, вели Тоби Гранвил, директор за развој на Newsquest.
Програмата РАДАР, чии креатори тврдат дека станува збор за иднина во развојот на соработка меѓу технологијата и новинарството во редакција, е најновиот хит кај онлајн издавачите. Се претпоставува дека како резултат на користењето на роботите при пишувањето на публикациите, новинарите ќе добијат повеќе време да креираат креативни материјали.
Во моментов, РАДАР сè уште не пишува статии самостојно, зато ашто има потреба од активно учество во процесот на креирање на публикацијата од страна на новинар. Новинарот користи фрагменти од текстови, составени од роботот, вметнувајќи ги во готовите статии. РАДАР главно собира статистички податоци и други податоци кои во голема мера ја поедноставуваат работата на редакторот.