Американскиот интернет гигант Google најави дека отвора во Кина свој центар за студии во областа на вештачката интелигенција, а целта е да почне да ги привлекува талентите во земјата, иако производите на самата компанија остануваат блокирани во азиската држава, пренесува Ројтерс.
Во изјавата, Google посочи дека Центарот за истражување е прв од ваков вид во Азија и ќе располага со мал тим кој ќе работи надвор од постојната веќе канцеларија на Google во Пекинг.
Кинеските власти јасно изјавија поддршка за истражувањата и развојот на вештачката интелигенција во земјата, но наметнаа исклучително строги прописи за странски компании во последната година, вклучувајќи проширување на цензурата.
Google пребарувачот за интернет е блокиран на кинескиот пазар заедно со продавницата за апликации, сервисот за електронска пошта и складирањето во облак. Кинеските регулатори за сајбербезбедност тврдат дека ограничувањата на странските медиуми и интернет платформи се наметнати за блокирање на влијанија кои можат да ја нарушат стабилноста и социјалистичките идеали.
Иако регулаторното заострување најверојатно ќе го спречи Google повторно да влезе во Кина, компанијата сè повеќе се фокусира на развојот на производи за вештачка интелигенција во земјата.
Годинава, Google беше домаќин на турнирот „Go“ со локалните власти во Источна Кина, откако соочи светски шампион во „Go“ против вештачка интелигенција. Настанот беше широко одразен во глобалните медиуми, но не и од локалните медиуми.
Претходно овој месец извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, пристигна на конференција предводена од кинеската администрација во Кина, каде што разговараше за потенцијалот на вештачката интелигенција.
Google рече дека новиот центар во азиската земја е дел од листата на слични центри што работат во Њујорк, Торонто, Лондон и Цирих.