Најновата надградба на Google Maps посебно ќе ви биде од корист во јавниот превоз во некој непознат град. Веројатно многумина се нашле во стиуација да се возат со автобус или со трамвај во град кој прв пат го посетуваат. Сте влегле во автобус и се движите во точниот правец, но не знаете на која постојка да се симнете. Па мора да станете и да го прашувате возачот, други патници или да слезете на погрешна постојка, па да одите пеш.
Како што пренесува Vidi.hr, во такви ситуации наскоро ќе ви помага надградбата на Google Maps за Android, со чија помош со притискање на само едно копче ќе можете да го следите возењето преку GPS и преку офлајн мапи. Тоа копче ќе се наоѓа на дното на екранот, а со притискање ќе се активира следење во живо до одбраната дестинација со аларм, односно известување кога ќе се приближите до постојката и тоа на lock screen, па нема да мора цело време да гледате во Google Maps.
Засега не е познато кога би се нашла новата опција на паметните телефони, но одвреме навреме проверувајте ги Google Maps за да забележите кога ќе се појави.
Извор: Vidi.hr
Поврзани артикли