Веста дека кинескиот и светски гигант за онлајн трговија Alibaba доаѓа во Србија стави точка на неколку месечните шпекулации за тоа која од земјите од регионот е најсериозен кандидат за привлекување на таа инвестиција. Имено, претставници од Alibabа од почетокот на годинава беа во интензивен поход по земјите од регионот од Хрватска преку Унгарија, Романија до Бугарија барајќи стратешки партнер затоа што планираат да изградат голем дистрибутивен центар во овој дел од Европа.
SEEBiz.eu пренесува дека од Министерството за трговија на Србија по враќањето од Кина, каде што разговараа со претставници на Alibaba, изјавија дека сега е извесно доаѓањето на е-трговецот во Србија и дека за 6 месеци може да се очекуваат првите резултати од преговорите.
„Утврдено е дека ќе почнеме преговори. Ќе формираме оперативни тимови кои ќе се занимаваат со приоритетните теми. Три теми се договорени, две се предложени од Alibaba – онлајн туризам и електронско плаќање. Ние сакавме да разговараме за отворање дистрибутивен центар и за логистиката. Се зависи од нас, од брзината со која ќе искористиме одредени предиспозиции затоа што бевме повеќе проактивни во споредба со други земји“ изјавија од Министерството.
Оттаму напоменуваат дека се сигурни дека Alibaba ќе дојде на српскиот пазар и дека еден од клучните аргументи во разговорите со Alibabа бил фактот дека Кина во моментот во Србија има проекти вредни 6 милијарди долари.
Доаѓањето на Alibabа во Србија преку онлајн туризам и апликацијата Аlipay би значело голем скок на бројот на кинески турсити во Србија, затоа што голема препрека за нив сега е тоа што во Кина повеќе од 85% од плаќањето се први преку мобилен телефон. Кога би ја имале апликацијата Alipay во Србија тие би трошеле многу повеќе, а од друга страна така Србија ќе се отвори како пазар за други кинески компании.
Поврзани артикли