Сузан Бенет од Атланта е „Сири“, гласот што го слушаат корисниците на ајфон. Нејзиниот глас го користат и авиокомпании и банки, а таа снима и гласови на роботи, но и реклами. Компанијата „Епл“ и понатаму не потврдува дека пред многу години ја ангажирале Бенет да дава одговор на најчесто поставуваните и на најбаналните прашања на нивните корисници.
Сузан ја почнала кариерата како „позајмувач на глас“ пред многу години, кога ја ангажирале да сними глас за прилог во шоуто на Опра Винфри.
„Пред многу години работев во студио каде што се снимаа гласови за реклами. Девојката што обично снимаше за шоуто на Опра не се појави еден ден и ме испратија мене. По овој ангажман почнаа да ме ангажираат за многу работи, вклучувајќи и глас за банкомати“, вели Сузан.
Во видеото подолу слушнете ја Сузан како гласот на Сири.
https://www.facebook.com/NerdiestIndiaOfficial/videos/640377076352236/