Физичарите конечно успеаја да пронајдат докази за постоењето на ексцитониум 50 години по првата теорија за постоњето на тој облик на материја.
Ексцитониум е составен од честички наречени ексцитони, кои се состојат од ослободени електрони и празнините кои тие ги оставаат зад себе.
Терминот е воспоставен во 1960 година од страна на теоретскиот физичар Берт Халперин од Харвард, а физичарите се обидуваа да го докажат неговото постоење. Со најновите експерименти, истражувачите имаа можност да го набљудуваат овој вид материја и неговата фаза прекусор, што се смета за доказ за неговото постоење.
Електронот остава празнина кога ќе отскокне, по што таа се однесува како честичка, бидејќи има позитивен набој. Од таа причина привлекува други електрони, ги составува во композитни честички, познати како бозони или ексцитони.
Со проучување на кристалите без примеси во преодниот метал дихалкогенид титаниум диселенид (1T-TiSe2), истражувачите од Инженерскиот факултет при Универзитетот во Илиниос успеале да добијат исти резултати при проучувањето на пет типови кристали со различна калавост.
За да пронајдат нов облик на материја, научниците развиле нова техника, наречена ЕЕЛ спектоскопија, која е чувствителна на ексцитација од другите научни методи.
ЕЕЛ спектоматарот се поврзува со гониометар со цел прецизно да се измери моментот на имплус на елстроните, што на научниците им овозможи по првпат да ја измерат ексцитацијата на честичките.
Тие успеале да забележат и прекусор на ексцитацијата – фаза на мек плазмон до која доаѓа кога материјата ќе се приближи до критична температура.
– Теоретичарите со децении дискутираат дали е во прашање изолатор, соврешен проводник или супер-течност, а аргументите се доста убедливи на секоја од страните, изјави физичарот Питер Абамонте.
– Бевме во лабораторија кога професорот ни објасни дека само што сме измериле нешто што никој досега не успеал: мек плазмон. Овој проект ми пружи интересно и единствено искуство со M-EELS техникатаи ме мотивира за натамошно проучување на TiSe2, изјави еден од студентите на Абамонте.
Ова откритие би требало да даде одговори на многу прашања од квантната физика.